Тијаго Силва им се смее на Стефан Ристовски и сите други кои гласаа за Хулијан Алварес

Сите најважни награди во прогласувањето на најдобрите од страна на ФИФА за 2022 година ги добија Аргентинци, како фудбал минатата година да се играше само на Мундијалот, па има многу реакции по резултатите од гласањето на селекторите, капитените и новинарите.

Еден новинар објави пост во кој пишува дека се чуди како може Хулијан Алварес да биде седми најдобар фудбалер на светот кога е закован на клупата за резерви во Манчестер сити, резерва е и во аргентинската репрезентација, а повеќе од половина претходна сезона ја мина во Ривер плејт.

На оваа објава, Бразилецот Тијаго Силва, кој игра за Челзи, искоментира: „Смешно е“.

Алварес на конечната табела се најде пред Нејмар, Левандовски, Салах и други напаѓачи, а еден од оние кои му дадоа поен на Хулијан беше и македонскиот капитен Стефан Ристовски.

- Оглас -

Најнови вести