Тикет од соништата: 26 погодени фиксови и добивка над 1 милион денари! (Фото)

Во саботата попладне еден обложувач уплатил тикет во Sport Life во Куманово и ги погодил сите 26 пара на конечен тип, па добивката му е над 1 милион денари за вложени 3.000 деенари.

На тикетот има фудбалски мечеви играни во саботата и неделата, претежно мечеви на коишто има големи фаворити, најголемиот поединечен коефициент на тикетот е 1.50, а вкупната квота на 26-те средби е 423.13.

Последен меч кој се чекал за милионската добивка бил Порто – Каса Пија во неделата вечерта. Каса Пија водеше по првото полувреме, но фаворитот за чија победа квотата беше 1.20, победи со гол дури во 93-та минута.

- Оглас -

Најнови вести