Тикет по вкусот на прогнозерите носи вкупна квота од 155 за шест меча!

Победата на Вулверхемптон над Астон Вила и на Ленс против Марсеј, па и Интер во Рим во дуелот со Рома, се вчерашните резултати кои ги изненадија мнозинството играчи на Спортска прогноза.

Од основната понуда во 29-тото коло, за денеска останаа да се доиграат уште шест натпревари, по кои ќе се знае дали ќе има добитници на некоја од наградите кои ги доделува Sport Life.

Ако треба да им се верува на мнозинството прогнозери, фаворити за денеска се Оксер против Клермон, Лориен против Брест, Нант против Стразбур и Лече против Верона. Речиси половината прогнозери типувале триумф на Арсенал против Њукасл, а најголема е поделеноста кај Аталанта – Јувентус. Таму 39,96 отсто веруваат во победа на Старата дама, 27 проценти се за кец, а 33 отсто прогнозираат нерешено.

Замислениот тикет според прогнозите на мнозинството играчи на Спортска, би изгледал вака:

Аталанта – Јувентус Х2

Оксер – Клермонт 1

Лориен – Брест 1

Нант – Стразбур 1

Њукасл – Арсенал 2

Лече – Верона 1

 

- Оглас -

Најнови вести