Тиквеш е аутсајдер против Кремс, но има предност од четири голови (Фото)

Македонските екипи во европските ракометни купови оваа сезона одиграа вкупно девет натпревари и забележаа само една победа, онаа на Тиквеш над Кремс во Европскиот куп. Кавадарчани вечерва ќе имаат шанса да дојдат и до втората победа против австрискиот претставник, овојпат на гостински терен.

Квотата за победа на Тиквеш во понудата на Sport Life е одлична, дури 3.75, а клубот од Кавадарци на првиот меч и тоа како покажа дека е поквалитетен противник и на моменти водеше и со шест голови предност. Натпреварот на крајот заврши 33-29 за Тиквеш, што би значело дека кавадарчани со предност од четири голови ќе истрчаат на паркетот во Австрија.

- Оглас -

Најнови вести