Тиквеш го чека лидерот Шкупи во Кавадарци по 17 години

Тиквеш го чека лидерот Шкупи на мегдан на свој терен по 17 години и се надева на подвиг и прва победа во меѓусебите дуели со чаирчани.

Денеска од 14 часот во Кавадарци со поддршка од публиката домаќините се надеваат на подвиг против одличните гости од Скопје, кои се на врвот на табелата со 20 бода по девет кола во Првата лига.

Второто дерби се игра во Струмица меѓу Академија Пандев и Шкендија. Избраниците на Александар Васоски ќе се обидат да ја сопрат серијата од три меча без победа, против шампионот кој е непоразен 7 кола по ред.

Шкендија ги доби последните четири меѓусебни дуели со Академците на Пандев, сите со по едне гол разлика, па и денеска според коефициентите во Sport Life, тетовци се фаворити.

Ренова му е домаќин на Пелистер, исто така од 14 часот и очекува победа против фенерџијата во Првата лига и евентуален пораз на Шкупи за да биде нов лидер на табелата.

Брегалница ќе и биде домаќин на Македонија Ѓорче Петров во нов интересен дуел од десеттото коло, денеска од 14 часот, а петката во ова коло се заокружува со мечот меѓу Струга Трим Лум и Борец.

 

 

- Оглас -

Најнови вести