Тиквеш со голема поддршка од кавадарчани брка историско Куп-финале, квотата за такво нешто да се случи е одлична (Фото)

Денеска ќе се одиграат реванш-натпреварите во полуфиналето во Купот на Македонија, по што ќе бидат познати екипите кои ќе се борат за трофејот.

На стадионот во Ѓорче Петров, бранителот на трофејот Македонија ЃП ќе брка негатива од два гола против Воска спорт. Првиот дуел заврши со 2:0 за Воска и Лавовите ќе имаат тешка задача да обезбедат пласман во финалето и да се обидат трета година по ред да триумфираат во Купот.

Но, за да дојдат до мечот за трофејот, фудбалерите на Македонија ЃП мора да се надминат себеси бидејќи сезонава загубија на сите три меѓусебни средби. Во двата меча во Првата лига беше 2:1 за Воска, која славеше и во првиот полуфинален дуел.
Според квотите во Sport Life, се очекува неизвесен натпревар, во кој благ фаворит е Македонија ЃП (2.21).

Многу понеизвесно се очекува да биде во Кавадарци, каде што во второто полуфинале ќе играат Тиквеш и Шкупи. Првиот полуфинален дуел заврши без голови и одлуката за патникот во финалето ќе падне денеска.

Тиквеш има шанса за првпат во својата историја да игра во финалето и поради тоа цело Кавадарци се мобилизира за денешниот натпревар. Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, ги повика сограѓаните да им дадат поддршка на фудбалерите на Тиквеш и тие одговорија на најдобар начин. За помалку од три часа беа продадени 2.000 билети, што значи дека домашниот тим ќе има голема поддршка од трибините во обидот да обезбеди историско финале.

Според квотите, Шкупи е поблиску до финалето (2.13), но одлична е квотата за фудбалерите на Тиквеш носени од своите навивачи на трибините да дојде до историски триумф (3.20).

- Оглас -

Најнови вести