Тилеманс донесе победа за Астон Вила со која тимот држи чекор за ЛШ

Астон Вила ја оствари 17-тата победа во Премиер лигата оваа сезона откако на домашен терен го совлада Фулам со 1-0. Стрелец на победничкиот гол беше Јури Тилеманс во 12-тата минута, на асистенција на Мекгин.

Овој триумф ги заджува шансите на Астон Вила за пласман во Лигата на шампионите следната сезона. Тимот на Унаи Емери сега се наоѓа на седмата позиција со 60 бода, колку што има и петтопласираниот Челзи, но со натпревар помалку.

Фулам се наоѓа на осмото место со 51 освоен бод.

- Оглас -

Најнови вести