Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија денеска беше направена ждрепката за новата сезона во Втора лига. Најатрактивен меч од првото коло треба да биде во Штип каде Брегалница ќе биде домаќин на Победа, во дуел на некогашните прволигаши. Детонит кој играше бараж за влез во Прва лига, но остана во второлигашкото друштво, ќе стартува на свој терен против Новаци.
Интересно ќе биде и во Скопје каде истоимениот тим ќе игра против Вардарски. Постарите љубители на мак-фудбалот се сеќаваат дека Вардарски беше клуб кој учествуваше во историската прва сезона од Прва фудбалска лига на самостојна Македонија, но тогаш испадна и потоа одеше само во надолна линија.
По цели 27 години играше во пониските лиги, Вардарски сега се враќа во Втора лига.