Тимовите од Торонто одат по победа и во кошарка и во хокеј

8537 Филаделфија 76-ерс – Бостон селтикс (01.00 часот)

Добра вест за Филаделфија е враќањето на Сет Кари, кој пред 13 дена доби позитивен тест на корона-вирус. Тој сезонава има просек од 17 поени по меч и ќе биде од голема помош. На петте меча без Кари, 76-ките имаа две победи, од кои едната во продолжение. Овие тимови не играле официјален меч меѓу себе од август, кога имаа плејоф битка. Бостон е лидер на истокот со 8-4, но еден од четирите порази го претрпеа на последниот настап пред три дена, и тоа неочекувано убедлив од 30 разлика од Њујорк.

Предлог тип: >102.50 (1.93)

 

8538 Торонто репторс – Мајами хит (01.30 часот)

Ова е дуел на две екипи кои не ја почнаа добро сезонава и важат за непријатни изненадувања, но како да излегуваат од кризата, особено првакот од 2019 година. Торонто има само пет победи сезонава, но во налет се Рептилите, моментно имаат серија од три триумфи по ред и на овие три меча дава над 110 поени. Мајами има 2-3 на последните пет меча, тие се тим со скромна одбрана, а имаат и проблеми со отсуства на важни поединци.

Предлог тип: 1 (1.62)

 

8651 Голден Стејт вориорс – Сан Антонио спарс (04.00 часот)

Ова пред неколку сезони би било големо дерби на Западот, сега е дуел на два тима кои се обидуваат да влезат во плејофот. Вориорс и Спарс имаат позитивен биланс сезонава, но ја немаат стабилизирано формата и често осцилираат, па мечот е незгоден за типување на конечен тип. Иако Кари против секој тим може да даде 30 поени, овојпат одбраната на Спарс ќе биде фокусирана кон него бидејќи ако го запрат во некои нормални рамки, шансите за победа им растат.

Предлог тип: Стеф Кари <29.5 (1.87)

 

8201 Торонто Мејпл лифс – Едмонтон ојлерс (01.00 часот)

Торонто засега има 3-1, Едмонтон е на 1-3 и според ова, домашните се фаворити на хартија. Маслата сезонава редовно примаат три или повеќе голови, а Ловоровите листови на сите мечеви даваат барем три гола. Но, домашниот терен и не мора да биде клучна предност, последните три дуели на овие тимови завршуваа со победа на тимот кој беше гостин. Пред една година, Едмонтон победи во Торонто со 6-4.

Предлог тип: 1 (1.95)

 

8413 Ванкувер канакс – Монтреал канадиенс (04.00 часот)

Кај овој пар статистиката покажува дека нема да има премногу голови. Монтреал има цврста одбрана, а нападот на Ванкувер не е баш ефикасен. Канакс сезонава ја почнаа со победа, но потоа врзаа три порази едноподруго. За разлика од нив, Монтреал загуби на стартот по продолжение, а потоа успеа да победи двапати по ред. Тука квотата за двојка е примамлива, треба да се искористи. Монтреал уште од 2015 не знае за пораз во олимпискиот град.

Предлог тип: 2 (2.05)

- Оглас -

Најнови вести