Тинејџер испиша историја за Баерн во ЛШ (Видео)

Баерн Минхен ја покажа силата на европски шампион и само по 45 минути има убедлива предност од 3:0 на гостувањето кај Лацио во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампиони. Според овој резултат, Баерн уште сега може да биде прогласен за патник во следната фаза од елитното натпреварување на УЕФА.

Баерн стигна до водство само по девет минути. Роберт Левандовски ја искористи грешката на домашните дефанзивци и успеа да погоди. Со тој гол Левандовски го надмина легендарниот голгетер на Реал Мадрид на листата на најдобри стрелци во ЛШ.

Предноста на Баерн беше зголемена во 24-тата минута, кога погоди Џамал Мусијала. Овој гол е историски за Баерн затоа што Мусилија стана најмладиот стрелец во ЛШ за најтрофејниот германски клуб. Тинејџерот погоди на возраст од 17 години и 362 дена. Тој гол може да го видите ТУКА.

Пред крајот на првото полувреме погоди и Сане за 3:0.

Во вториот меч што се игра вечерва во ЛШ е многу понеизвесно и по првите 45 минути е 0:0 на дуелот Атлетико Мадрид – Челзи.

 

- Оглас -

Најнови вести