Типично германски – Херта стаса негатива од три гола за 11 минути

Типично германски Херта успеа да приреди голем подвиг и со три гола за само 11 минути во второто полувреме успеа да освои едне бод на гостувањето во Диселдорф кај Фортуна.

Домаќините доминираа на теренот во првото полувреме и водеа со 3:0, но и тоа не им беше доволно за победа. Караман двапати беше прецизен, а Томи постигна еден гол за голема предност на Фортуна, но истиот играч потоа иницираше пресврт на гостите со смешен автогол. Ја промаши топката во 64. минута и со рака си постигна автогол.

Само 120 секунди подоцна Куња намали на 3:2, а бод за Херта донесе Пјонтек со погодок во 75. минута.

Фортуна остана на 16. место со 21 бод, а Херта со 27 е на 13. позиција, но се уште е блиску до опасната зона за испаѓање.

- Оглас -

Најнови вести