Типот ГГ3+ е зицер во мечот во кој дебитира новиот менаџер

Томас Тухел вечерва (19 часот) ќе дебитира на клупата на Челзи, само по еден ден откако беше назначен за нов менаџер на екипата по отказот на Френк Лампард.

Германскиот стратег веднаш се фати за работа и веќе одржа еден тренинг, во кој се обиде да наметне барем дел од својата филозофија на која допрва Сините ќе треба да се адаптираат. Фактот што немаше доволно време да се подготви за дуелот против Вулверхемптон, е добра работа за обложувачите во Sport Life.

Челзи сезонава на домашен терен само трипати ја сочува мрежата кога се во прашање лигашките натпревари, односно во девет меча на „Стемфорд бриџ“ постигна 19, а прими 11 погодоци. Еден тренинг не може да биде доволен за Тухел да скрои безгрешен тактички план, па се очекува тимот од Лондон да се мачи против Волците, а речиси е сигурно дека барем еднаш ќе биде затресена нивната мрежа.

На другата страна, Вулфс сезонава оствари само три гостински победи во Премиер лигата, со гол-разлика 9-16. Не треба да загрижува статистиката на екипата на Еспирито Санто, која постигна само еден гол на последните две гостувања во западен Лондон, бидејќи во нападот на Волците пристигна Вилијам Хосе од Реал Сосиедад, докажаниот бразилски напаѓач кој ќе сака да се покаже во добро светло во своето деби.

Пропустливите одбрани на двете екипи се доволна причина за овој меч да се типува ГГ3+, а тој тип носи одличен коефициент од 2.55 во Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести