Типсаревиќ се избричи после 15 години, меѓу првите му коментираше Ѓоковиќ (Фото)

Српскиот тенисер кој неодамна се повлече од активното играње, Јанко Типсаревиќ, одлучи после 15 години да го смени својот изглед и да ја избричи брадата.

Тој на Инстаграм напиша дека некои луѓе ги бричат и главите, а тој решил целосно да го избричи лицето за првпат после цели 15 години. Еден од првите кои му коментираа беше Новак Ѓоковиќ, кој според „емотиконите“, делува задоволно од новиот изглед на својот долгогодишен пријател.

Брадата и наочарите за сонце беа неизоставен дел од имиџот на Јанко додека играше, но сега како пензиониран спортист, реши да се подмлади.

- Оглас -

Најнови вести