Типстер кој ги погоди светските прваци во 2014 и 2018 година даде прогноза и за СП во Катар!

Аргентинците тријат раце откако човекот кој ги погоди светските шампиони на претходните две светски првенства во фудбал типува на Гаучосите како освојувачи на пехарот од Мундијалот во Катар оваа зима.

Англискиот финансиски аналитичар и брокер, Јоаким Клемен, кој погоди дека Германија ќе биде шампион во 2014 и Франција во 2018 година, сега најавува титула за Аргентина. И не само тоа, тој вели дека во полуфиналето Аргентина ќе ја победи Шпанија, а во финалето Меси и другарите ќе ја совладаат Англија.

Клемен во своите анализи не ги гледа само квалитетот и вредноста на фудбалерите, како и нивната форма, туку предвид зема и нефудбалски работи, како економската ситуација, број на жители и БДП по глава на жител во земјите учеснички.

Аргентина 36 години не била светски првак, ова е последната шанса за Лионел Меси да се закити со најзначајниот трофеј, а ако верувате во пресметките на Клемен, може да уплатите во Sport Life. Квотата дека Аргентина ќе биде светски првак е 8.

- Оглас -

Најнови вести