Типстер шампионот за септември има посебна победничка тактика која му донесе премија од 100.000 денари

Христијан Тренчевски од Пехчево е победник во септемвриското рангирање на Типстер купот на Sport Life, тој минатиот месец имаше 12 добитни дневни тикети кои ги исполнуваат условите кои се бараат, и заслужено доби 100.000 денари.

Ниту еден друг учесник на Типстер купот немаше ваков учинок во септември, второпласираната Павлина и третиот Димитар имаа по 9 добитни тикети, кои им донесоа 30.000 односно 20.000 денари. Сезонава во Типстер купот ќе има десет месечни етапи, и во секој месец најдобриот ќе добива по 100.000 денари, додека вториот и третиот земаат 30.000 односно 20.000 денари.

Христијан има посебна тактика при обложувањето, и тоа му донесе среќа во месец септември.

ОМИЛЕНА ИГРА МУ Е ДВОЗНАК ЗАЕДНО СО БРОЈ НА ГОЛОВИ

„Редовно го играм Типстер купот и уплаќам мали суми на тие тикети, затоа и добивките беа мали. Такви тикети си уплаќам кога бркам награди за играта, така нема голем ризик. Обично порано ги уплаќам тикетите на кои бркам добивки за Типстер купот, а подоцна во текот на денот правам и други тикети со поголеми добивки. Омилена игра ми е 1Х&2+, а често играм и двознак комбиниран со 2-5 гола“ – вели Христијан, кој уплаќа и во Пехчево, но и Скопје каде што студира.

Секако и среќата е составен дел од обложувањето, па таа некогаш е со Христијан, некогаш е против него.

„На добитните тикети имав некои мечеви на кои паѓаа голови во самиот финиш, но имав и несреќни ситуации кои ги паметам. На еден хокеарски меч на кој играв дека ќе паднат до 5,5 гола, шестиот гол беше постигнат на две секунди до крајот, и само поради тоа не бев добитен. Истотака имам паднато и на еден ракометен меч на кој гол кој ми го направи тикетот недобитен, падна на 18 секунди до крај“ – раскажува Христијан.

НАВИВА ЗА МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД, УПЛАЌА ПОМАЛИ СУМИ

Инаку, Христијан не случајно стигна до премијата, тој беше победник во генералниот пласман од втората сезона на Спортска прогноза.

„Освоив смарт телевизор од 48 инчи за победата на Спортска прогноза, така што, ова со Типстер купот не ми е првпат да добијам награда од Sport Life. И сезонава добро ми оди на Спортска прогноза, во моментов сум седми во генералниот пласман“ – вели Тренчевски кој од дете навива за Манчестер јунајтед, и обожува да се обложува на омилениот клуб кој често се наоѓа на неговите тикети.

Правилата во Типстер купот се изменети во однос на претходните сезони, а според Христијан, вака е подобро и поедноставно за играчите.

Овие 100 илјадарки се рекордна добивка за Христијан кој обично уплаќа помали суми, па затоа и добивките не му се претерано големи.

„Кога беше бонусот на Sport Life од 500 проценти, тогаш двапати ми фалаше само по еден натпревар за да земам над 30.000 денари. Блиску бев, на тикетите имаше по 21 меч и само поради една утка немав добивки кои ќе ми беа најголеми. Мислам дека новите правила на Типстер купот се добри, чесно е најдобри да бидат тие со најмногу фатени тикети“ – заклучува шампионот за септември.

- Оглас -

Најнови вести