Титанскиот дуел на Медел и Ибрахимовиќ заврши со очекуван епилог (ВИДЕО)

Милан и Болоња одиграа 0:0 на „Сан Сиро“ во меч којшто домашните мораа да го добијат ако сакаа да останат во подобра позиција за титулата во Серија А.

Но, тимот којшто е предводен од Синиша Михајловиќ, кому повторно му се врати леукемијата, одигра со срце и не потклекна пред ривалот.

Еден од многуте, но и најкрвавиот дуел на оваа средба се случи во 70-тата минута, кога Златан Ибрахимовиќ и Гари Медел се удрија глава со глава. Швеѓанецот му дофрли неколку пцовки на нискиот Чилеанец, но сето тоа беше во жарот на борбата и без никаква намера.

А кога ќе се судрат главите на вакви двајца титани, бидејќи и Медел не е цвеќе за мирисање, тогаш јасен е епилогот, а тоа е крв на сите страни.

- Оглас -

Најнови вести