Титула број 41 за најтрофејниот фудбалер во историјата

Сао Пауло вчера ја обезбеди титулата во Паулиста шампионатот на Бразил, по триумфот од 2-0 против Палмеирас, што подразбираше ново фотографирање на Дали Алвес со трофеј.

Иако некогашната ѕвезда на Барселона не настапи во мечот поради повреда, стигна до 41-виот трофеј во кариерата. Најтрофејниот играч во историјата на фудбалот, на 38 години не застанува да се кити со одличја, а фактот што уште може да игра на врвно ниво му заработи место во селекцијата на Бразил за претстојните квалификации за СП, како и Копа Америка.

„Станав фудбалер само поради Сао Пауло. Моментално летам во облаци, иако постигнав премногу во кариерата. Мојот единствен сон беше да играм за овој клуб. Да играм за Сао Пауло и да освојувам титули, а чувството да се радуваш на ваков начин со клубот кој ми е во срцето е навистина посебно“, истакна Алвес.

Европа ја покори во три наврати со Барселона. Освојуваше бројни пехари и со Јувентус и ПСЖ, a од вкупно 41 трофеи, дури 38 му се на клупско ниво.

- Оглас -

Најнови вести