Титулата на дофат: Адетокумбо изрежира „брејк“ за Милвоки (видео)

Милвоки направи брејк и славеше во Аризона со 123:119 против Феникс за преземање на водството од 3-2 во финалната серија. Бакси триумфираа во Долината првпат по речиси четири години пауза, остварувајќи ја можеби најважната победа.

Букер правеше сè што е во негова моќ, па иако цел меч го полнеше кошот на Елените, се покажа како трагичар во последните секунди испуштајќи напад со кој домаќините можеа да поведат. Феникс со +16 поени го освои првиот период, за Милвоки да надополни втор најголем дефицит во историјата на НБА-финалињата.

Серијата од 9-3 со која Феникс дојде на пола кош негатива во решавачката последна минута од мечот, кога Холидеј успеа да му ја украде топката на нерешливиот Букер кој заврши со 40 поени. Адетокумбо беше режисерот на пресвртот со 32 поени и 9 скока, го следеше Мидлтон со 29 поени, а во блескаво издание се покажа и Холидеј со дабл-дабл од 27 поени и 13 асистенции.

Шестиот натпревар е закажан во ноќта меѓу вторник и среда.

https://www.youtube.com/watch?v=QzK4FaTTN3k

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести