Безопасни беа Пчелите на Боксинг деј – Брентфорд потфрли во историскиот меч (Видео)

Брајтон го победи Брентфорд со 2:0 во најнеефикасниот меч на Боксинг деј денеска, а сè беше решено со голови во првото полувреме.

Леандро Тросар постигна прекрасен гол во 34-тата минута за популарните Галеби, а само 8 минути подоцна Нил Мопеј ја запечати победата на домаќините.

Брентфорд за првпат во клупската историја играше како премиерлигаш на Боксинг деј, или фудбалскиот спектакл што најсилните англиски екипи го приредуваат во чест на навивачите, и потфрли.

Пчелите во првото полувреме беа апсолутно надиграни од Брајтон и не упатија ниту еден удар кон голот на Санчес.

Во второто полувреме одиграа малку подобро во за нив историски момент, но не успеаја да ја погодат барем еднаш мрежата на домаќините и загубија со 2:0.

Утре ќе се игра последниот меч од 19-тото коло меѓу Њукасл и Манчестер јунајтед.

 

 

- Оглас -

Најнови вести