Тјери Анри клечеше 8 минути и 46 секунди во чест на Џорџ Флојд

Француската фудбалска легенда Тјери Анри, кој сега работи како тренер на клубот Монтреал импакт во МЛС-лигата, за време на мечот со Њу Ингланд револушн клечеше 8 минути и 46 секунди во знак на поддршка на борбата против расизмот.

Екипата на Анри го загуби мечот со 0-1, но Французинот беше во центарот на вниманието. Тој реши да клекне и со препознатливата поза за борба против расизмот, клечеше точно толку време колку што Афроамериканецот Џорџ Флојд на 25 мај беше држен без воздух од полицаецот во Минеаполис, кој го задуши до смрт.

Играчите пред мечот го направија истото, а кога средбата започна, на изненадување на сите, Анри продолжи да клечи.

- Оглас -

Најнови вести