Така е кога си претседател – никој не смее да го фаулира Веа

Жорж Веа блескаше на фудбалскиот терен во дресовите на Милан, ПСЖ и Челзи, а по завршување на играчката кариера, реши да ѝ се посвети на политиката. Тоа му донесе претседателско место во Либерија. Иако е лидер на земјата, Веа не се откажува од фудбалот.

Легендарниот 52-годишен напаѓач има свој тим наречен Веа Ол Стар, кој постојано игра мечеви против некогашни фудбалери од Либерија. Интересно е што тимот на Веа досега никогаш нема загубено, а противниците „бегаат“ кога топката е кај претседателот. Веа вели дека противниците му се плашат бидејќи не може да му ја земат топката.

„Не сакаат да ме чуваат од блиску бидејќи сум најдобар дриблер и знаат да си дослоцираат некој дел од своето тело. Многу сум елегантен кога играм“, рече Веа.

Сепак, дека не се работи само за фудбалската техника на Веа, туку дека удел има и неговата функција, потврдува тренерот на неговиот тим.

„Сепак тоа е нашиот претседател. Никој не смее да му направи клизачи. Сите играчи знаат дека треба да играат без контакт со претседателот“, рече Кристофер Вер, кој е поранешен играч во англиската Премиер лига.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести