Тоа е модерниот фудбал – Вчера играше против, а од наредната сезона ќе го носи дресот на Ливерпул

Екипата на Бенфика иако доживеа елиминација од Лигата на шампионите, сепак може да биде горда на овосезонскиот успех. Иако во домашното првенство и не им оди баш најдобро и се далеку зад Порто и Спортинг, тие во својот тим го открија новиот скапоцен бисер.

Станува збор за младиот, но и суперталентиран напаѓачл Дарвин Нуњез, којшто го привлече вниманието на светската јавност. Уругваецот, кој вчеравечер играше и против Ливерпул и успеа да постигне гол, кој беше поништен поради офсајд, можно е од наредната сезона да настапува токму за великанот од „Енфилд“.

Медиумите од Англија велат дека се започнати првичните преговори меѓу Ливерпул и Бенфика, а за 22-годишниот напаѓач се шпекулира дека Бенфика ќе бара над 50 милиони евра.

Цифра која е разумна за денешниот модерен фудбал бидејќи португалскиот великан Нуњез има постигнато 30 погодоци на 53 одиграни натпревари.

- Оглас -

Најнови вести