Тоа што го прави Мегваер, веќе се претвора во трагедија за Манчестер јунајтед (Видео)

Најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот секој нареден меч негативно ги изненадува навивачите на Манчестер јунајтед. Сезонава веќе не се бројат киксевите и грешките што Мегваер ги направи поради кои страдаше Манчестер јунајтед.

Ако на последниот дуел од Премиер лигата против Тотенхем си постигна автогол, синоќа на мечот против Атлетико Мадрид повторно имаше очајни интервенции.

По еден корнер на Манчестер, Мегваер со глава буквално го разнесе Кристијано Роналдо и придонесе Португалецот да не може да ја стигне топката која беше упатена кон него.

Освен таа ситуација, во акцијата при постигнување на голот на Атлетико Мадрид, токму Мегваер излезе многу понапред и не беше во линија со останатите тројца дефанзивци, па на тој начин се создаде вишок во нападот за Атлетико и Ренан Лоди, непречен од никого, погоди гол што беше клучен за влез на Јорганџиите во четвртфиналето од ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести