Тоа што Пеп го постигна со Сити, не го направил никој во историјата на англискиот фудбал

Манчестер сити граби кон одбрана на титулата во Премиер лигата откако Граѓаните го победија Брентфорд на гости со 1:0 и сега имаат дури осум бода повеќе од второпласираниот Челзи.

Сити едноставно ги „меле“ противниците и поставува нови рекорди во англискиот фудбал. За тимот предводен од Пеп Гвардиола ова беше 36-та победа во 44 меча во Премиер лигата за 2021 година, што е апсолутен рекорд. Сити во 2021 година освои 110 бодови, додека Челзи освои 27 помалку, а Ливерпул дури 33 бодови помалку од Сити во една календарска година.

Освен рекордот за најмногу победи во една година, Сити со Гвардиола постави уште едно неверојатно постигнување. Шпанскиот стратег е првиот кој успеал да предводи тим во англиското првенство да има 10 победи по ред, и тоа во четири различни ситуации. Иако Сити сега има добра предност во однос на Челзи и Ливерпул, Гвардиола предупредува дека сезоната е далеку од завршена.

„Имаме предност од осум бода, но во игра се уште 54 бодови, па ништо не е решено. Направивме разлика затоа што победивме 10 пати по ред, а тие киксираа. Сепак, ќе има уште тешки мечеви. Ништо не е готово. Ливерпул и Челзи се наши конкуренти во трката за титулата“, вели Гвардиола.

- Оглас -

Најнови вести