Утре точно напладне стартува елиминациската драма на Евробаскетот и тоа со турските „жешки глави“

Со вчерашните средби заврши групната фаза на Евробаскетот, а од утре поточно од точно напладне започнува елиминациската драма.

Од 12 часот ќе се сретнат селекциите на Турција и Франција во првиот осмина-финален меч од четирите средби.

Турците кои што важат за „жешки глави“ откако направија инциденти на средбата со Грузија, каде што се закануваа со заминување, а и овојпат имаа ново шоу и тоа повторно од селекторот Ергин Атаман.

„Ова е непочитување кон нас, не му дозволуваат на турскиот народ да ја наполни арената бидејќи играме од 12 часот“ изјави пред мечот Атаман. Средбата се игра во „Мерцедес“ арената во Берлин, кој што има стотици илјади турски жители.

Во 14:45 часот Словенија важи за огромен фаворит против Белгија, додека Германија како домаќин ќе ја сочека Црна Гора (18:00 часот).

Последни на денешната програма се Шпанија и Литванија кои ќе стартуваат од 22 часот.

Сите средби се играат во „Мерцедес“ арената во Берлин.

- Оглас -

Најнови вести