Отпишан е од Јоаким Лев, но сака да игра на ОИ во Токио

Томас Милер, фудбалерот на Баерн Минхен, најверојатно ќе биде дел од германскиот национален тим на Германија на олимпискиот турнир во Токио. Селекторот Штефан Кунц сака да го вклучи Милер во тимот, во кој според правилата, смее да има тројца играчи на возраст над 23 години.

Олимписките игри ќе се одржат од 24 јули до 9 август. Ако Милер игра во Токио, ќе мора да пропушти дел од подготовките на Баерн за следната сезона. За сениорската репрезентација на својата земја Милер има одиграно 100 меча и дадено 38 голови. Пред десет месеци селекторот Јоаким Лев рече дека веќе нема да го повикува Милер во тимот А, па затоа искусниот играч на Баварците сака да игра барем во олимпискиот тим.

Желба за настап на ЛОИ во Токио има и кај Бразилецот Нејмар. Но, Нејмар сака да игра и на Копа Америка, која ќе се одржи од 12 јуни до 12 јули. Олимпискиот турнир во фудбал стартува на 22 јули. И во 2016 година Нејмар сакаше да игра и на Копа и на ЛОИ, но клубот (тогаш Барселона) не му дозволи, па веројатно и сега ПСЖ ќе го спречи да се појави во Токио.

- Оглас -

Најнови вести