Австралискиот тенисер Бернард Томиќ беше елиминран во првото квалификациско коло за настап на гренслем-турнирот во Мелбурн, а тој дуел остана запамтен по реакцијата на домашниот тенисер.
Томиќ губеше со 1:0 во сетови, а беше во негатива и во вториот сет, кога на една од паузите тенисерот гласно побара од судијата да биде тестиран за корона-вирусот затоа што не се чувствува добро.
„Сигурен сум дека ќе бидам позитивен на корона-вирусот во следните два дена. Тоа ти го кажувам… Ако бидам позитивен ти да ме честиш ручек, ако не, јас тебе ќе те честам“, му рече Томиќ на судијата, додавајќи дека немало официјални ПЦР тестови туку тенисерите сами се терстирале со рапид тестови во собите.
Video: Absolutely insane pic.twitter.com/77AzJ2BqQE
— PCB Enthusiast (@PCBFan1) January 11, 2022
Два дена по мечот кој Томиќ го загуби, денеска и официјално австралискиот тенисер е позитивен на корона-вирусот, што значи дека играл заразен во квалификациите на Отвореното првенство на Австралија.