Томиќ: Тешко дишам, паднат ми е имунитетот

Коронаврусот стигна и во белиот спорт. Австралискиот тенисер Бернард Томиќ соопшти дека ги има сите симптоми на вирусот кој го зафати речиси целиот свет, па беше прогласена и пандемија.

„Од минатата недела се чувствувам лошо. Осетив отежнато дишење, а имуниот систем ми е паднат. Во Мајами сум, изолиран од сите, како што ме советуваа, не знам уште колку време ќе биде вака. Допрва треба да ме тестираат, но ги имам сите симптоми. Претпоставувам дека се заразив минатата недела во Монтереј во Мексико“, изјави 27-годишниот Томиќ, кој своевремено беше и 17-ти на АТП-листата и во 2011 беше четвртфиналист на Вимблдон, а сега е 200-ти на светот.

Потенцијален носител на Коронавирусот е и Јарослава Шведова, која е во карантин откако патувала во ист авион со човек од Милано кој е заразен. Иако првиот тест на Шведова е негативен, таа останува во карантин уште две недели.

- Оглас -

Најнови вести