Томислав Јотовски е нов државен тениски првак, ТК Југ е најдобар клуб

Искусниот Томислав Јотовски уште еднаш потврди дека е во одлична форма, откако триумфираше во поединечна конкуренција на Државното тениско првенство на Македонија. Во денешното финале, Јотовски со 6:3, 6:3 го совлада Дејвис куп репрезентативец Стефан Мицов.

Претходно во полуфиналето, Јотовски беше подобар од уште еден дејвис куп репрезентативец на Македонија, Обрад Марковски кого успеа да го победи со 6:1, 6:3 и уште еднаш потврди дека за него треба да има место во репрезентацијата.

Во конкуренција на двојки најдобри беа Мицов и Манасов, додека на клупски план, екипата на ТК Југ, предводена од Јотовски, Деари, Андонов, Дургути, како и младите Чунгу, Лазаров и Нестеров се закити со шампионската позиција.

- Оглас -

Најнови вести