Томислав Јотовски на доминантен начин го освои македонскиот Мастерс

Томислав Јотовски е победник на „Цевитана Мастерс турнирот“ во тенис за мажи, кој се играше изминативе три дена на теренит на клубот „Југ“ во Скопје. Јотовски кој е член на Југ, до титулата дојде со убедливи победи во полуфиналето и финалето во кои за ривали имаше членови на клубот Неготино.

Во четвртфиналето, Јотовски загуби само еден гејм во средбата со Елвис Хусеиновиќ, потоа Томи во полуфиналето го доби дуелот со репрезентативниот колега Стефан Мицов со преубедливи 6-2, 6-0, а слично сценарио имаше и во финалет во кое Јотовски го надигра Иван Манасов со 6-4, 6-0.

Тениската федерација на Македонија за победникот обезбеди парична награда од 18.450 денари, а финалистот доби 11.070 денари. Мастерсот е турнир на кој играат најуспешните тенисери, но годинава не се појави државниот првак Горазд Србљак.

- Оглас -

Најнови вести