Томори и Тонали покажаа колку Милан го сака Скудетото (Видео)

Играчите на Милан се вратија на победничкиот колосек со голем триумф од 2:1 против Рома на „Олимпико“, а само со една акција, и тоа во одбраната, потврдија дека горат во желбата да го освојат Скудетото.

Фикајо Томори и Сандро Тонали со пожртвувани интервенции на атрактивен начин го спречија Лоренцо Пелегрини да ја загрози победата на Милан во Рим.

Tomori and Tonali nice defending against Roma from soccer

Росонерите ја прекинаа серијата од 4 меча без победа, односно од два порази по ред во Серија А и останаа во битката за Скудетото. Милан е втор на табелата со 52 бода, четири помалку од градскиот ривал Интер на 14 кола до крајот на шампионатот.

Милан е последниот шампион на Италија, пред да почне апсолутната доминација на Јувентус, екипа која освои 9 титули по ред во Серија А.

 

- Оглас -

Најнови вести