Томпсон одигра прво полувреме за историја: Постигна 33 поени за 18 минути (Видео)

Актуелниот НБА-првак Голден стејт без многу проблеми славеше над Феникс санс со 123:112 во еден од седумте натпревари кои ноќеска се играа во НБА-лигата. Воините во првото полувреме го имаа неверојатниот Клеј Томпсон, кој едноставно беше незадржлив.

Томпсон за 18 минути во првите две четвртини успеа да постигне неверојатни 33 поени со шут од поле 12 погодени од 18 удари. Тој погоди осум тројки од 12 обиди. Во последниве 25 години во НБА, со 30+ поени и осум погодени тројки во првото полувреме бил само уште Дамијан Лилард.

Тимот со најдобар биланс сезонава во НБА, Милвоки бакс (49 победи и 19 порази) како гостин го победи Сакраменто со 133:124. Јанис Адетокумбо беше предводник на победничкиот тим со 46 поени и 12 скока. Одлични беа и Крис Мидлтон со 31 поен и Брук Лопес, кој заврши со 23 поени.

Резултати: Детроит – Индијана 117:97, Атланта – Минесота 115:136, Далас – Мемфис 88:104, Мајами – Јута 119:115, Хјустон – Бостон 111:109, Голден стејт – Феникс 123:112, Сакраменто – Милвоки 124:133.

- Оглас -

Најнови вести