Тонали не е мој наследник, ќе биде подобар од мене

За Андреа Пирло не се потребни посебни зборови да се опише неговиот успех и фудбалско знаење во кое уживавме гледајќи го долги години. Трофејниот играч за врска се пензионира во мај 2018 година, оставајќи зад себе спомени и достигнувања што не секој може да ги оствари.

Пирло, сепак, иако имаше уникатен стил на игра, доби наследник кој дефинитивно може да го пополни неговото место со покажаниот талент и потенцијал. Тоа е Сандро Тонали, талентираниот фудбалер на Бреша кој важи за идна ѕвезда на новата генерација на Аѕурите, а гигантите веќе се „тепаат“ за неговиот потпис.

„Велат дека Тонали е мојот наследник. Јас не се согласувам со тоа бидејќи сметам дека може да биде подобар од мене. Тој има сосема различен стил на игра, покомплетен е во дефанзивата. Ако во нешто личиме, тоа е нашата фризура, позицијата на која игра и фактот што кариерата ја почна во Бреша, исто како и јас. Не се сомневам дека ќе биде играч од светска класа“, истакна Пирло.

За Тонали постои интерес од Јувентус, Интер, Милан, наводно и од Манчестер сити, откако блескаше сезонава со одличните настапи за Бреша во Калчолигата.

- Оглас -

Најнови вести