Тони Надал непријатно изненаден од изданието на Медведев во финалето против Ѓоковиќ

Тони Надал, кој е добро познат како чичко и некогашен тренер на шпанскиот тенисер Рафаел Надал, рече дека е разочаран од играта на Данил Медведев во финалето на Отвореното првенство на Австралија против Новак Ѓоковиќ. Со победата, Србинот дојде до бројка од 18 гренслем-титули во кариерата и сега има само две помалку од рекордерите Федерер и Надал.

Во колумна за весникот „Ел Паис“, Тони Надал напиша дека е изненаден што Медведев имал тотален пад и се предал по губењето на првиот сет со 7-5 во гејмови.

„Ѓоковиќ беше видливо супериорен. Сигурен сум дека Медведев на терен излезе со сите потребни информации за играта на Ѓоковиќ, дека правилно анализирал, но не успеа да ја надмине фрустрацијата по првиот сет. Ме изненадува што спортисти кои се на ова ниво имаат лоша способност да надминат некои потешкотии. Натпреварот беше практично одлучен уште со брејкот во 12-тиот гејм од првиот сет. Мислам дека откако мечот заврши, Русинот сфати каква шанса пропушти и сфати колку мал отпор даде“, напиша 59-годишниот Тони.

- Оглас -

Најнови вести