Топ-тикет со добивка од 176 илјади денари донесе насмевки во Муртино

Лигите во Англија и Шкотска се меѓу најатрактивните за обложувачите во Македонија, а топ-тикет одигра обложувач во Sport Life и со скромна уплата од 100 денари во објектот во струмичко Муртино си доби 176.445 денари.

На топ-тикетот се одиграни шест пара со идентични знаци најмалку еден гол во прво полувреме и најмалку два во второто полувреме.

Најдраматично беше на мечот од Лига 1 во Англија меѓу Блекпул и Болтон, а головите што беа потребни за добивка од околу 3 илјади евра паѓаа во самиот финиш.

На полувремето домаќините заминаа со предност од 1:0, па потоа долго се чекаше погодок. Во лудиот финиш, типичен за англиските екипи, Болтон израмни во 88-мата минута, а насмевки во Муртино за среќниот добитник донесе Девсбури-Хол со победнички гол за Блекпул во 90-тата минута.

Коефициентите за играта 1+I&2+II во Sport Life се одлични, а на добитниот тикет се движат од 3.10 до 4.10, или заедно имаат вкупен коефициент од 1.764.45.

- Оглас -

Најнови вести