Топчиите го срушија и градскиот ривал, покажуваат дека имаат шампионска моќ (Видео)

Арсенал продолжува со блескавите резултати во Премиер лигата, откако со 2:0 на гостински терен го победи големиот градски ривал Тотенхем. За Топчиите ова е 15-та победа во само 18 кола и со 47 бодови се убедливи лидери во англиското првенство. Арсенал сега има дури осум бода повеќе од вториот Манчестер сити, а Њукасл и Манчестер јунајтед заостануваат девет бодови.

Уште во провото полувреме Арсенал ги реши сите дилеми околу победникот во лондонското дерби, а за тоа многу помогна голманот на Тотенхем, Хуго Лорис. Францускиот чувар на мрежата, за прв пат во повеќе од 350 средби во Премиер лигата си даде автогол, откако лошо реагираше во 14 минута.

Капитенот на Арсенал, Мартин одегард погоди за 2:0 во 36 минута, а потоа Топчиите ритунски ја задржаа предноста.

- Оглас -

Најнови вести