Топчиите спукаа над 90 милиони евра за Жезус и Вјеира и се откажаа од трката за Рафиња

Арсенал и дефинитивно се повлече од преговорите со Лидс за ангажман на одличниот Бразилец Рафиња, а главната причина е што успеаја да го ангажираат Габриел Жезус од Манчестер сити за 52 милиони евра.

Претходно од Порто го купија и играчот за врска Фабио Вјеира за сума од 40 милиони евра, па Рафиња ќе дојдеше како плаг на тортата.

И потрошените 92 милиони евра, но и упорноста на Рафиња да се пресели во Барселона влијаеше на раководството на Арсенал да се повлече од преговорите за Бразилецот.

Рафиња му прави неочекувани проблеми и на Лидс и не сака да остане во Англија и покрај понудите што ги има не само од Арсенал, туку и од други клубови и инсистира да се пресели во Барселона.

 

- Оглас -

Најнови вести