Топчиите се испукана пушка со најскапата утка од 80 милиони евра, сега сакаат да го продадат рекордерот

Арсенал ќе го продава Николас Пепе, играчот за кого платија рекордна сума од 80 милиони евра, најголема за играч во историјата на клубот.

Пепе дојде од Лил во 2019 година и воопшто ни малку не го оправда огромниот влог на популарните Топчии.

Имаше куси блесоци, но во последната сезона што заврши неодамна малку играше, односно не беше стандарден во првата постава и тренерот Артета не смета на него и не го гледа како иднина на клубот.

Пепе, како што објавуваат англиските медиуми, има понуда од неколку клубови, Арсенал сака да врати барем мал дел од најголемата трансфер утка во историјата на клубот и јасно е дека двете страни ќе се разделат во овој преоден рок.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести