Топката е во наши раце, Елмас и Миовски посакуваат што почесто да биде во мрежата на Лихтенштајн (Фотогалерија)

Македонија е голем фаворит за победа против Лихтенштајн во Вадуз на 8 октомври против ривал со којшто имаме исклучително добар биланс од 9 победи и само едно реми.

Сега ни треба нов триумф за подобра атмосфера пред мегадуелот со Германија, кој ќе се игра празнично, на 11 октомври во Скопје. Репрезентативците веќе се во нашиот главен град и се подготвуваат за двата дуели што се многу важни за пласман на Мундијалот во Катар.

Елиф Елмас е еден од големите адути на Македонија на двата меча, а Бојан Миовски чека шанса за деби, а и двајцата посакуваат што повеќе топки во мрежата на Лихтенштајн.

Пристигна и Ердал Ракип, кој исто како и Миовски, очекува да дебитира за Македонија во вистински момент кога ќе се одлучува и судбината за патниците во Катар идната година.

Голем поттик е и пристигнувањето на Аријан Адеми, кој е еден од главните столбови во репрезентацијата, а не играше на трите септемвриски дуели поради повреда.

Со него од Загреб допатува и капитенот Стефан Ристовски, тука се и младите сили Чурлинов и Милан Ристовски, стандардните Муслиу, Трајковски, Велковски, Николов, потоа и Јаховиќ и сите останати што беа повикани за двата дуели со Лихтенштајн и Германија, освен Барди, кој е повреден.

Прва победа како селектор на Македонија очекува и Боби Милевски, па време е за три бода во Вадуз и потоа и нов обид да се изненади Германија по сензационалниот триумф во март, кога ги победивме четирикратните светски прваци со 2:1 во Дуисбург.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести