Торес си оди од Јапонија, можно е повторно да носи дрес на Атлетико

Поранешниот шпански репрезентативец Фернандо Торес може да ја продолжи кариерата во Мексико. Напаѓачот кој во моментов игра во јапонскиот Саган Тосу е цел на Атлетико од Сан Луис. Тоа е клуб кој 50 отсто е во сопственост на Атлетико Мадрид, каде што Торес помина голем дел од својата кариера.

Напаѓачот на двапати во кариерата го носеше дресот на Атлетико, а вкупно има постигнато 120 погодоци за мадридскиот гигант. Играчот кој важеше за еден од најдобрите напаѓачи во претходните 10-тина години ги има брането боите и на Ливерпул, Челзи и Милан.

Минатата сезона во летниот преоден рок реши да замине во Јапонија, но не се прослави. Речиси во 30 меча за Саган Тосу, даде само четири голови, па затоа и бара нов предизвик во кариерата.

Освен успесите на клупско ниво, Фернандо како член на шпанската репрезентација двапати беше европски првак, а еднаш се радуваше и на светската титула.

 

- Оглас -

Најнови вести