Торино го смени Мацари, Лонго ќе го гаси пожарот кај Биковите

Валтер Мацари е сменет од кормилото на 7-кратниот италијански првак Торино по серијата катастрофални резултати во последните две недели.

Тренерот што лани ги доведе Биковите на прагот на настап во Лигата на Европа беше немоќен да го спречи бродоломот што им се случи на поранешните шампиони.

Торино претрпе четири порази по ред, вклучувајќи ја елиминацијата и од Милан во Купот на Италија. Во тој циклус беа примени дури 17 голови, а катастрофата од Аталанта беше пресудна да се размислува за отказ.

Минатиот викенд Торино го претрпе највисокиот пораз во 113-годишната историја на домашен терен, откако загуби од Аталанта со 0:7.

Вчера популарните Бикови загубија и од Лече на гостински терен со 4:0, па отказот за Мацари беше неминовен. Прв кандидат за нов кормилар е Морено Лонго, тренер кој работеше во младинските категории на Торино, а од 2018 година е без работа. Лонго доби отказ во Фрозиноне во декември 2018 година и повеќе од една година чека понуда за работа.

- Оглас -

Најнови вести