Торино си одмогна себеси, а и на Џенова

Торино загуби на гостувањето кај Емполи со 1-4 во рамките од 37-то коло на Серија А. Биковите на Валцет Мацари останаа без шанси за Лигата на шампионите, но утеха може да им биде пласманот во Лигата на Европа, кој ќе го бараат во последното коло. Воедно, му помогнаа на Емполи да опстане во италијанската елита, така што тие излегоа од зоната за испаѓање, а на 18-тото место сега стои Џенова на нашиот Горан Пандев.

Акуах погоди за 1-0 во 27-та минута пред Фалке да израмни во воведните десетина минути од второто полувреме, додека значајните три бода ги донесоа Бриги и Ди Лоренцо со своите погодоци во 65-та, односно 70-та минута, како и Капуто во последната минута од регуларните 90.

Емполи сега е на 17-тото место со 38 бода, имаат еден повеќе од Џенова, додека Торино остана на 60 бода на седмото место на табелата.

Парма славеше со минимални 1-0 против Фиорентина и се избори за опстанок во Серија А, по освоените 41 бод и подвиг до 12-тата позиција. Претходно Киево и Сампдорија ремизираа без голови.

- Оглас -

Најнови вести