Торонто како за албум, ќе ги собира капитените во Серија А

Торонто има големи амбиции во Мејџор лигата на Северна Америка и сака во ист преоден рок, во зимскиот што следува, да ги купи капитените на Налоли и на Торино.

За Лоренцо Инсиње, кој е лидер на Наполи, веќе има понуда од 7 милиони евра годишно, што е двојно повеќе од сумата што неговиот матичен клуб Наполи му ја нуди на напаѓачот.

Торонто е заинтересиран и за Андреа Белоти, уште еден италијански репрезентативец и капитен на Торино.

И на Белоти, како и на Инсиње договорот му истекува во 2022 година, па Торонто сака да ги има двајцата капитени и италијански репрезентативци во своите редови.

 

 

- Оглас -

Најнови вести