Торонто со една мисла – како да ја повтори играта од првиот меч со Голден Стејт

Торонто репторс има историска сезона. „Рептилите“ имаа најдобар скор во регуларниот дел од сезоната, а дека тоа не е случајно покажаа и во плејофот. Торонто стана првиот тим кој се избори за место во големото финале, а таму веќе има и водство од 1:0 во победи против актуелниот првак Голден Стејт.

Сега, на ред е вториот меч, а Торонто повторно е домаќин. „Рептилите“ сакаат да ја повторат играта од првиот меч, кога речиси постојано имаа контрола на резултатот и на крајот победија со 118:109. Камерунецот Паскал Сиакам беше нерешлива енигма за гостите, постигнувајќи 32 поени со неверојатно 83 отсто прецизен шут. Сиакам сигурно нема да може да одигра на исто ниво, но сега Голден Стејт многу повеќе внимание ќе посветат на овој играч, па ќе се отвори повеќе место за останатите. Каваи Ленард е предводникот на Торонто и од неговата игра ќе зависи и какви се шансите на домаќинот за да стигне до 2:0.

Голден Стејт и на овој меч ќе биде без Кевин Дурант, па Стеф Кари и останатите ќе мора да заиграат подобро од првиот меч. На првиот меч, Кари беше најефикасен кај „воините“, но сепак немаше многу простор да шутира, бидејќи домаќините завршија добра работа во одбраната.

Освен првиот меч во финалната серија, Торонто ги доби и двата меча во регуларниот дел против Голден Стејт. „Воините“ мора да најдат против игра, ако сакаат да направат брејк и да се вратат во егал во финалето.

Според коефициентите во Sport Life, Торонто повторно ја има улогата на благ фаворит. Освен на конечен резултат, може да се обложувате и на поени на играчите, како и на играта која ја има само во Sport Life, а тоа е поени+скокови+асистенции.

 

- Оглас -

Најнови вести