Тотално го исфрустрира Мане, погледнете дел од чудесните одбрани на Зомер против Баерн (Видео)

Јан Зомер од Борусија Менхенгладбах имаше неверојатни 19 одбрани на дуелот со Баерн Минхен, и тоа е нов рекорд на Бундеслигата откако се води таква статистика, а најголема жртва на Швајцарецот беше Садио Мане.

Мане имаше многу шанси, но никако не успеваше да постигне гол кој ќе му биде признат. Сенегалецот постигна два гола, но беа поништени. Се виде дека не му е денот, па во средина на вториот дел беше повлечен од игра.

Во една акција, Зомер имаше две одбрани против Мане. Погледнете:

https://twitter.com/i/status/1563588147141029889

- Оглас -

Најнови вести