Тотенхем до 85-тата минута се мачеше со второлигашот, а потоа брзо ги реши дилемите (видео)
Викомб го натера тимот на Мурињо максимално да се испоти за пласман во следната фаза од ФА купот.

Тотенхем закажа осминафинална пресметка против Евертон во ФА купот по триумфот од 4-1 над второлигашот Викомб. Прилично силниот состав на Жозе Мурињо доста се мачеше да ја издвои победата ако се знае дека до 85-тата минута резултатот беше 1-1.
Онјединма изненади во 25-тата минута, по одличната акција на домаќините, која им донесе водство од 1-0, па на неколку секунди пред паузата Бејл израмни.
https://twitter.com/EmiratesFACup/status/1353804023023820800
Гостите доминираа во целото второ полувреме, но дури во 86-тата минута успеаја да го пробијат одбранбениот ѕид на Викомб преку Винкс, а само две минути подоцна Ндомбеле стрелаше за 3-1. Францускиот играч за врска уште еднаш ја затресе мрежата во судиското надополнување поставувајќи го убедливиот резултат.
https://twitter.com/EmiratesFACup/status/1353819508478103553