Тотенхем едвај најде менаџер, сега добива „корпи“ од играчи

Тотенхем минатиот месец се мачеше да најде адекватен менаџер со кого ќе почне нов проект. Петлите во низа беа одбиени од стратези како Конте, Алегри, Фонсека и уште неколкумина, па на крајот го ангажираат Нуно Еспирито Санто, експредводникот на Вулверхемптон.

Сега клубот од Северен Лондон се мачи на трансфер-пазарот и не може да привлече квалитетни играчи, поради што не игра во Лигата на шампионите. Според шпанските медиуми, Тотенхем доби корпа од Жулс Кунде, младиот француски стопер на Севилја, кој има клаузула од 70 милиони евра.

Тотенхем е решен да ја плати сумата, но францускиот репрезентативец смета дека преселба во овој клуб за него ќе биде чекор назад во кариерата. Кунде во сезоната 2019/20 ја освои Лигата на Европа, а минатата сезона обезбеди пласман во Лигата на шампионите откако Севилја го освои четвртото место во Ла Лига.

- Оглас -

Најнови вести