Тотенхем го “растури” Њукасл и со стил ја прекина црната серија (Видео)

Екипата на Тотенхем, конечно, после пет натпревари успеа да забележи победи, и тоа не било како, туку убедливо со 4-1 против Њукасл.

Победата на домашните се насетуваше уште во првиот дел, кога Удоџи и Ричарлисон прецизно стрелаа во мрежата на Њукасл. Гостите од “Ст. Џејмс парк” во вториот дел се обидоа да нападнат и резултатиски да се вратат во мечот, но тоа резултираше со уште погодоци во нивната мрежа.

Во второто полувреме повторно стрелец беше Ричарлисон, а четвртиот погодок за Тотенхем беше дело на кореецот Сон Мин од пенал. Се што успеаја да направат фудбалерите на Њукасл беше да постигнат почесен погодок во судиското надополнување на времето и да ги постават конечните 4-1 на овој натпревар.

- Оглас -

Најнови вести