Тотенхем конечно освои трофеј, во пријателски куп (видео)

Тотенхем го освои пријателскиот турнир Ауди куп, кој се одржа во Минхен, со победа над домаќинот Баерн по изведување пенали. Дуелот на „Алијанц арената“ не го одреди победникот по 90 минути игра при резултат од 2-2, па пенал-рулетот конечно на Тотенхем му донесе трофеј, иако се работи за претсезонски подготовки.

Петлите испуштија двојна предност во текот на средбата која им ја донесоа Ламела и Ериксен. Младиот Арп намали на 2-1 на половина час до крајот на мечот, а Дејвис со одличен погодок од далечина донесе израмнување за тимот на Ковач.

Промашувањата на Алаба и Боатенг беа фатални за Баварците, додека лондонската екипа погоди шест од седум пенал, а без реализација беше само Ериксен.

https://www.youtube.com/watch?v=SHA9-INVugs

- Оглас -

Најнови вести