Тотенхем конечно пронајде замена за Кејн

Тотенхем во летниот преоден рок му го продаден својот најдобар играч во историјата, Хари Кејн, на Баерн Минхен и оттогаш игра без класичен напаѓач, но во јануари ќе мора да донесе негова замена и англиските медиуми го открија името.

Менаџерот на Тотенхем, Анге Постекоглу, ѝ порачал на управата во зимскиот преоден рок да го ангажира напаѓачот на Борнмут, Доминик Соланке, кој сезонава постигна 11 гола и се наоѓа на третото место на листата на најдобри стрелци во Премиер лигата.

Соланке е проценет на 24 милиони евра, но неговиот договор со Борнмут трае до 2027 година и поради тоа се очекува Тотенхем да плати најмалку двојно ако го сака напаѓачот.

Тотенхем моментно се наоѓа на четвртото место на табелата со 36 освоени бода, четири помалку од лидерот Арсенал.

- Оглас -

Најнови вести